
Руската тенисерка Мира Андреева е првата финалистка на ВТА мастерс турнирот од серијата 1000 на земјена подлога во Мадрид, откако попладнево ја совлада во полуфиналето Американката Хејли Баптист со 6-4, 7-6(8).
Еден час и 40 минути ѝ беа потребни на 19-годишната Русинка, моментално осма тенисерка во светот, за да дојде до финалето, во кое за противничка ќе ја има поуспешната од второ полуфинале меѓу Украинката Марта Костјук и Австријката Анастасија Потапова.
Во финалето, Андреева ќе се обиде да ја освои својата шестата ВТА титула во кариерата, а трета оваа година, во која веќе славеше во Аделаида и Линц.
Баптист сè уште ја чека својата премиерна ВТА титула, но на мастерсот во Мадрид дојде го голема победа со елиминацијата во четвртфиналето на најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка

Македонски


