Skip to main content

Вака изгледа деновиве морето во Солун

принтскрин/Грчка инфо

Во последните денови, на површината на морето по должината на брегот на Солун има сè повеќе кафеаво-зелени наслаги.

Станува збор за зголемено размножување на фитопланктоните, ситни организми кои природно живеат во морето, но поради високите температури, ветровите и зголемените количини на хранливи материи во водата, тие се развиваат во многу поголем број од вообичаеното, пренесува „Грчка инфо“. Поради ова, на површината на морето се создава маса од непријатен мирис, која во моментов е видлива по должината на голем дел од брегот на Солун.

принтскрин/Грчка инфо

Овој феномен не е опасен, но изгледа непријатно. На жителите на Солун им е добро познат, бидејќи се појавува речиси секоја година кога се јавуваат високи температури и одредени временски услови.

Поврзани вести