
Сите македонски граѓани кои претстојниов викенд планираат да патуваат кон Халкидики, солунскиот аеродром или да се враќаат кон граничниот премин Евзони, треба да сметаат на целосна блокада на обиколницата околу Солун во текот на ноќта меѓу сабота и недела.
Поради изведување градежни работи за изградба на новиот автопатски надвозник во рамките на проектот „Fly Over“, обиколницата околу Солун ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Кога ќе биде затворена обиколницата?
Од сабота (1 август) од 23:00 часот до недела (2 август) до 05:00 часот наутро.
Сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, а сите возила ќе мора да ги користат алтернативните патни правци.
Алтернативни правци за движење:
За патување кон Халкидики и Аеродромот: Сообраќајот ќе се одвива преку транзит низ самиот град Солун.
За патување кон граничниот премин Евзони (влез во Македонија): Возилата ќе бидат пренасочувани низ алтернативните градски сообраќајници.
Апел до сите возачи:
Доколку патувате во овој временски интервал, планирајте дополнително време за транзит, строго следете ја привремената поставена сигнализација и почитувајте ги напатствијата на грчката сообраќајна полиција за да избегнете поголеми застои.

Македонски



