
Полицијата во Велес привела 39-годишен маж кој физички ја нападнал својата 32-годишна невенчана сопруга.
Од СВР Велес информираат дека А.П. бил лишен од слобода денеска, 10 август, во 04:30 часот, по претходна пријава за семејно насилство.
При извршените проверки било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта.
Мажот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Македонски


