Skip to main content

Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање – проблемите се детектирани, се преземаат мерки

Freepik

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните – една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска.

Пред изборите ветивме дека ќе направиме сè што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата испорача уште повеќе и линеарно ги зголеми пензиите за 7.000 денари. И покрај обидите на поединци блиски до СДСМ и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд да ја оспорат оваа мерка, Владата остана доследна на својата определба да ги заштити интересите на пензионерите и да обезбеди подобар животен стандард. За семејствата во кои двајца членови се пензионери, ова значи дополнителни 14.000 денари месечно во домашниот буџет – вели Илиевска.

Ова се финансиски средства кои значително придонесуваат за подостоинствен живот на пензионерите и за нивно полесно справување со секојдневните трошоци, додаде таа.

Од друга страна, потенцираме дека Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање. Проблемите се јасно детектирани, се преземаат конкретни мерки, а новиот Буџет има силна развојна компонента која ќе придонесе економските индикатори дополнително да се подобруваат. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политики кои носат реални резултати, поголем животен стандард и подостоинствен живот за сите граѓани, а особено за пензионерите кои со години ја граделе државата – вели пратеничката Илиевска.

Поврзани вести