
Сојузот на синдикатите на Македонија реагира на можноста и размислувањата за зголемување на границата за одење во пензија на 72 години.
– И во минатото сме биле сведоци на вакви несериозни предлози и тоа од луѓе кои не се работниците, а на штета на работниците, а напоменуваме дека вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд и таквите мерки на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале, нагласуваат од ССМ.
Од ССМ велат дека се потребни сериозни политики и мерки за зголемување на бројот на вработување на младите по пат на реални и одржливи работни места кои ќе бидат резултат на нови домашни или странски инвестиции и зголемување на платите, а со тоа и зголемување на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигирување.
– Според „Статистичкиот годишник на Република Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век во државата е 76,63 години, па дали тоа е идејата, наместо пензија, работа до крај на животниот век ? Затоа, потребно е воведување на повеќе услови за пензионирање, како пензионирање со навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години работен стаж за жени, предвремено пензионирање, воведување на бенефициран стаж за градежните работници како и во други дејности каде што работните задачи се одвиваат во особено тешки услови за работа кои штетно се однесуваат на животот и здравјето на работниците, старосна пензија – по возраст или работен стаж – по дејности, предвремена старосна пензија по возраст, неполна старосна пензија по возраст обезбедување на можност за докуп на стаж, велат од ССМ.

Македонски



