
Важна информација за оние што викендов ќе возат кон Халкидики – ве очекува привремен променет сообраќаен режим поради градежните работи на обиколницата на Солун.
Вечерва, 10 јуни, од 23 часот до 5 часот наутро дел од обиколницата на потегот кон Халкидики ќе биде затворена.
Од петок, 12 јуни, од 23 часот до недела, 14 јуни до 23 часот истиот дел ќе биде целосно затворен за сообраќај во двата правци. Во тие 48 часа се очекуваат гужви и успорен сообраќај низ Солун, каде ќе бидат пренасочувани сите возила.
Работите на проектот Fly over, со кој целосно се реконструира сообраќајот околу Солун, започнаа во 2023 година, а предвидено е целосно да бидат готови следната пролет.

Македонски



