
Пејачката Александра Пријовиќ со сопругот Филип Живојиновиќ и нивните деца летува на црногорското и хрватското приморје, а една тиктокерка раскажа што се случило на Хвар кога ја сретнала Александра со семејството.
Имено, девојката која работи како хостеса во еден ресторан раскажала како не им дозволила на Пријовиќ и Филип да влезат во ресторанот поради правилата што ги применуваат во локалот. Таа навела дека Александра била прилично лута кога одбила да им даде маса во ресторанот.
Денес ѝ реков на Александра Пријовиќ дека не може да седне кај мене во ресторанот на пијалак. Значи, јас работам како хостеса во ресторан на Хвар и беше време за вечера, а ние за време на вечерата не примаме гости само за пијалак, туку само луѓе кои ќе јадат. Доаѓа еден фин господин со две деца и сопругата, а јас не гледам ниту во него, ниту во неа, туку во децата, бидејќи ми беа преслатки. И јас, онака, цела лута бидејќи ме налутија една минута претходно, се обидувам да бидам што е можно попристојна.
Тој вели: „Добра вечер, може ли само да се напиеме нешто? Кратко ќе седиме, нема долго да останеме.“
Јас му велам: „Леле, не може, време ни е за вечера. Имате кафуле подолу, па можете да седнете таму, подобро ви е таму.“
Жената ме погледна онака, периферно видов дека направи фаца како да е лута, а тоа била Александра. А како знам? Човекот што бил спроти мене прашал што сакала и рекол: „Тоа беше Александра Пријовиќ.“
Пријо, те молам, дојди утре на пијалак. Јас ќе ви го платам пијалакот. Дојди, поведи ги децата, те молам – раскажа девојката во видеото.
Видеото стигна до Александра, па таа ѝ одговори на девојката:
Хаха!Не се налутив! Ќе се видиме во друга прилика. П.С. јас честам – порачала пејачката.


Македонски


