Skip to main content

Радев потврди: Бугарија запира со испорака на оружје за Украина

Unsplash

 Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА.

Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина. Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение нема да дојде со воени средства, затоа повторно повикуваме на сеопфатен реалистичен пристап и барање дипломатско решение, изјави Радев на почетокот на редовната владина седница.

Министерот за одбрана Димитар Стојанов вчера изјави дека владата не предвидува испраќање дополнително оружје за украинската армија. Според него, време е да се седне на преговарачка маса и да се бара праведен мир.

Според премиерот, зајакнувањето на владеењето на правото, на демократските институции и на одбранбените капацитети на бугарската армија, а не вложување дополнителни средства во војната, е вистинската инвестиција во европската иднина на земјата. Радев нагласи дека главен приоритет на владата се безбедноста и благосостојбата на бугарските граѓани. 

Поврзани вести