
Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества пепел и вжештени парчиња карпи.
Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), густи текови лавина истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри.
Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на блискиот аеродром во Катанија денеска се прекинати до 17 часот (15 часот по Гринич), соопшти операторот.
Воздушниот сообраќај е нарушен веќе неколку дена, во екот на туристичката сезона.
Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот, или наместо тоа да патуваат со воз.
Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.
Етна, која е висока повеќе од 3.300 метри, често еруптира и постојано се следи.(МИА)

Македонски


