
Со жрепка попладнево во Минхен е одреден составот на групите во ФИБА Еврокупот во кој во новата сезона ќе настапи и македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе играат во групата Е заедно со грчки Ираклис, естонски Тарту, германски Вурцбург, кипарски АЕЛ Ларнака и полска Џики Варшава.
Групната фаза започнува на 29 и 30 септември, а МЗТ Скопје ќе одигра најмалку 10 европски натпревари, по пет на домашен терен и на гостински паркет.
Натпреварувањето во групата ќе трае до средината на јануари, кога ќе се решава кои екипи ќе го продолжат европскиот пат.

Македонски



