Skip to main content

Tренерот на Реал прашува? Дали го допревме дното

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одговори на прашање за состојбата на клубот.

На 10 мај, Реал Мадрид загуби со 2:0 од Барселона во 35. коло од Ла Лига и остана и без теоретски шанси за барем еден трофе сезонава.

– Дали сме го допреле дното? Изненаден сум од ова прашање. Што да кажат тогаш другите клубови? Па ние не сме 50 години без да освоиме ништо. Јасно е дека Реал Мадрид е таму каде што е денес благодарение на своите високи стандарди и незадоволство од статус кво. Не знам дали некој овде би се осмелил да каже дека Реал Мадрид нема да освои ништо следната година. Не би. Не го разбирам ова чувство на нестабилност и поделба во соблекувалната. Реал Мадрид веќе долго време прави многу работи како што треба. Финансиски е стабилен, добро е управуван, има одлични играчи и сигурен сум дека клубот ќе ја спроведе потребната анализа ова лето за да го зајакне составот и да го направи Реал Мадрид уште посилен, рече Арбелоа на прес-конференција.

Клубот од Мадрид не освои ниту еден трофеј оваа сезона – загубија од Албасете (2:3) во осминафиналето на шпанскиот Куп, загубија од Барселона (2:3) во финалето на Суперкупот и беа елиминирани од Баерн (1:2 и 3:4) во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Поврзани вести