Skip to main content

Домашен сок од бозел кој лекува дури 8 болести

Бозелот е одличен за следниве болести: воспалено грло и крајници; синузитис; настинки; ревматоидни заболувања; астма; го чисти организмот од ток-сини. Чајот од листовите се користи за кожни проблеми, а исто така го поттикнува и излачувањето на урината, па се користи и за намалување на високиот притисок.

Рецепт за сируп од бозел од цветови, без шеќер и конзерванси

Потребни состојки: 10 свежо набрани цветови со големина на дланка, 1,5 литар вода, еден лимон, стевија или мед.

Постапка: откако ќе се наберат цвеќињата, потопете ги во ладна вода. Оставете ги да отстојат еден ден на темно и ладно место. После тоа, процедете ја водата и додајте исцеден сок од еден лимон. Засладете со стевија или мед по вкус.

Совети кои е добро да се знаат:

Бидејќи овој рецепт не вклучува конзерванс, доколку направите поголема количина сок, еден дел складирајте го во пластични шишиња и ставете го во замрзнувач, за да не ви се расипе сокот.

Кога ги берете цветовите, правете го тоа на сончево време и избирајте само зрели и големи соцветија.

Најдобро би било бозелот да го берете во природа, на еколошки чисто место каде што не поминуваат автомобили и нема непосредно загадување.

Поврзани вести