Skip to main content

Сомалискиот судија кому САД не му дозволија да биде на Мундијалот ќе го суди Суперкупот на УЕФА

Freepik

Сомалискиот фудбалски судија Омар Абдулкадир Артан, кој беше тргнат од листата судии на Светското првенство, откако му беше одбиен влез во САД, ќе биде главен судија на Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон Вила следниот месец.

Триесетичетиригодишниот Артан беше назначен меѓу судиите за натпреварите на Светското првенство од 11 јуни до 19 јули, но беше принуден да го пропушти турнирот откако американските власти одбија да му дозволат влез во земјата и покрај тоа што имаше валидна виза.

Европската фудбалска федерација објави дека неговото назначување за Суперкупот следело по разговорите со Африканската фудбалска конфедерација и оти е дел од неодамна потпишаниот договор за соработка меѓу двете тела.

Во европскиот Суперкуп на 12 август во Салцбург ќе играат освојувачот на Лигата на шампионите, ПСЖ и Астон Вила, која го освои трофејот во Лигата на Европа. 

Поврзани вести