Skip to main content

ТФТ доби покана повторно да игра во АБА 2 лигата

Кошаркарскиот клуб ТФТ се пофали дека официјално добиле потврда дека и следната сезона ќе бидат дел од регионалната АБА 2 лига!

Како минатосезонски вицешампиони на АБА 2 лигата и првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска, ТФТ обезбеди учество во АБА 2 лигата и за сезоната 2026/27, иако на крајот во плејофот загуби од Пелистер во битка за третото место, кое треба да носи место во втората јадранска лига.

„Сакаме да му се заблагодариме на раководството на АБА-лигата за укажаната доверба и можноста повторно да бидеме дел од ова престижно регионално натпреварување. Со голема мотивација и амбиција влегуваме во новата сезона, со желба да оствариме уште поголем успех и достојно да ја претставуваме македонската кошарка на регионалната сцена“, порачаа Црно-белите од скопската населба Тафталиџе.

Поврзани вести