
МВР трага по 52-годишниот Љупчо Стојановски, чие исчезнување било пријавено на 11 август во СВР Скопје. Според пријавата, Стојановски исчезнал на 6 август, а последен пат бил виден во скопската населба Ново Лисиче.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање
„На 11.08.2026 во СВР Скопје е пријавен за исчезнат Љ.С. (52), кој според пријавителот исчезнал на 06.08.2026. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од МВР.
Семејството апелира до сите граѓани кои можеби го забележале Стојановски или имаат информации што би можеле да помогнат во неговото пронаоѓање, да се јават на телефонскиот број 073/717-090.

Македонски


