Skip to main content

Во Охридско Езеро пронајдено телото на исчезнатиот 31-годишен скопјанец

Во водите на Охридското Езеро вчера вечерта е пронајдено безживотното тело на 31-годишениот скопјанец, кој во понеделникот беше пријавен за исчезнат.

На 15.09.2026 во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското Езеро, пронајден е починат Б.С.(31) од Скопје, соопшти СВР Охрид.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Неговото исчезнување на 14.09.2026 во 18:10 часот во СВР Охрид го пријави неговиот татко З.С. (68) од Скопје, со кого престојувале заедно во автокамп во Охрид.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbetcasibomjojobet