Skip to main content

Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ од 18 до 25 септември во Прилеп

Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ од 18 до 25 ти септември ќе го има своето седмо издание во Прилеп.

Фестивалот се отвора со претставата „Пинокио“ на НУ Народен театар – Битола на 18 септември од 12 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Освен оваа на програмата се и претставите „Мачорот во чизми“ од Театар Арториум на 21 септември од 18 часот и „Љубопитната принцеза“ од Театар Колозов на 24 септември во 18 часот во Киното Мис Стон.

Фестивалската програма вклучува и кино-проекција на „Снежана и седумте џуџиња“. А освен театарските претстави своја креативна работилница ќе има писателката Ана Јовковска, по мотивите од книгата „Тамара и Марко – Коњ, штрк и една жица од гитара“, како и работилница ликовна уметност, костими и театар. Покрај театарскиот и едукативниот дел фестивалската програма вклучува и посета на Мало Коњаре – родното село на Силјан.

Силјан Штркот одамна не е само фестивал на театарски претстави за деца. Тоа е празник на децата, празник на театарот и празник за нашиот град. А и секој оваа приказна на Силјан ја доживува како своја приказна. Приказна во која веруваме дека секое дете заслужува да има свое прво театарско доживување, своја омилена претстава, свој омилен лик и своја мала тајна која ќе ја понесе дома и по спуштањето на завесата,“ вели Марија Спиркоска Илијеска, една од организаторите на фестивалот.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobet