Skip to main content

Пред 17 години се случи потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридско Езеро и загинаа 15 бугарски туристи

МИА

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – Свети Наум, се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот „Елешец“.

Жртвите беа жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.

МИА

Поврзани вести