
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, подигна албанско знаме на јарбол во Зајас, во пресрет на 22 Ноември – Денот на албанската азбука. На свеченоста, одржана во меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“, не било истакнато државното знаме. Видеото од настанот беше споделено од повеќе медиуми, а чинот беше претставен како симбол на албанскиот национален идентитет, историското наследство и националната гордост објави 24chasa.mk
Извор 24chasa.mk

Македонски




