
Специјализирани тимови спроведуваат потрага по течението на Вардар во Гостиварско за пронаоѓање на гостиварецот кој исчезна минатиот месец. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информираат дека тимовите се ангажираат по втор пат по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во активностите за потрагата на терен учествува и координира заменик-директорот на ДЗС, Кашмир Салиу. За пронаоѓање на исчезнатото лице вклучени се Тимот за брз одговор (ТБО) за спасување на води, со логистичка поддршка од Подрачното одделение на ДЗС – Гостивар.

Минатиот месец (14 октомври) беше пријавено дека Шемо Шабани (27) се оддалечил од неговиот дом, по што му се губи секоја трага. Неговото исчезнување во полиција го пријави неговата сестра, два дена подоцна. Првата потрга по течението на Вардар низ гостиварско беше спроведена на 21 октомври, но без резултат.
Пребарувањето се одвива по должината на реката Вардар, од критичните точки во градот кон низводните подрачја, во координација со полицијата и локалните служби.
Од ДЗС упатија апел до граѓаните кои имаат информации за исчезнатото лице или ќе забележат нешто покрај коритото на реката, веднаш да пријават во полиција или на телефонскиот број 112.

Македонски




