
Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје.
Тоа што можам јас да го кажам, како директор на Инфективната клиника, е дека на клиниката немаме такви податоци дека причина за некое гастроинтестинално нарушување кај пријавени пациенти. Зашто тоа нели по дијагностичка постапка мора да биде пријавено. Засега има нормално зголемен број, со оглед на горештиниве. Бројот е зголемен, но, не е над нормалата во споредба со претходните години, тука е, во очекуваниот раст. Така што, немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради водата, поради пиење на вода, изјави Цана.

Македонски


