Skip to main content

Изложба и уметничка средба со Доротеј Нешовски

Уметничка средба и отворање на изложбата на Доротеј Нешовски „Тела во трансформација и експериментални мапирања – Булевари“.

Ве очекува средба во која разговорот излегува од рамките на традиционалната дискусија, а движењето и заедничкото истражување стануваат дел од уметничкото доживување!

Средбата е замислена како интерактивно истражување во кое публиката е активен учесник. Движејќи се низ просторот на Институтот заедно со уметникот, посетителите ќе ги откриваат уметничките дела , ќе одговараат на прашања и ќе имаат можност да создадат сопствени мапи.

Преку набљудување, истражување и активно учество, ќе откриваат нови начини на поврзување на уметноста, просторот и секојдневното искуство.

Доротеј Нешовски, кој неодамна се врати од уметничка резиденција во Cité internationale des arts во Париз, ги истражува врските меѓу уметноста, јавниот простор и публиката, со посебен интерес за мапирањето и партиципативните практики.

Разговорот со уметникот ќе го води Изабела Левенска Миљаниќ, основачка на иницијативата Museum of Public Art, посветена на мапирањето на јавниот простор и скулптурното наследство во градот и кураторка на оваа изложба

Поврзани вести