
Шест лица загинаа, а 16 се повредени во вооружениот напад што вчера го потресе Краков, Полска. Меѓу загинатите има четири жени и двајца мажи, а полската полиција потврди дека една од жртвите е британски државјанин.
Напаѓачот, 25-годишен полски државјанин, отворил оган од автомобил кон случајни минувачи на главниот плоштад во историскиот центар на Краков. Полицијата добила пријави за пукањето околу 15 часот, по што нејзини припадници интервенирале и се соочиле со вооружениот напаѓач.
Во престрелката полицајците го раниле осомничениот и го привеле. Тој бил пренесен во болница, каде што бил подложен на операција. Меѓу повредените се и двајца полициски службеници, од кои едниот е во многу тешка состојба.
Според полските власти, напаѓачот бил облечен во маскирна, воена облека, носел панцир и користел долго огнено оружје. Во неговото возило биле пронајдени и дополнително оружје и големо количество муниција.
Особено загрижувачки се информациите за можниот мотив на нападот. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кјервински изјавил дека постојат индиции оти осомничениот бил под влијание на екстремно десничарска идеологија и имал радикални ставови. Според досегашните сознанија на полицијата, најверојатно дејствувал сам.
🇵🇱 ❗️@PolskaPolicja weszła do mieszkania zamachowca. Materiał z działań funkcjonariuszy pojawił się na profilu FB Radia Ostrowiec. https://t.co/QpfMPmUH2m
— WarNewsPL (@WarNewsPL1) November 7, 2026
Дополнителен шок предизвика и откритието во неговиот дом во градот Островјец Швјентокшиски, на околу 150 километри од Краков. Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека таму биле пронајдени уште три тела – на две жени и еден маж, за кои постои сомневање дека се блиски членови на семејството на напаѓачот. Засега не е утврдено како и кога настапила нивната смрт, ниту дали овие случаи се директно поврзани со нападот во Краков.
Полското Министерство за одбрана во меѓувреме демантираше дека осомничениот имал каква било врска со вооружените сили или дека бил припадник на армијата.
По трагедијата, во Краков е прогласена жалост до среда, а полските безбедносни служби продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности, мотивите и евентуалните други поврзаности на осомничениот.
The krakow terrorist has been killed! Excellent job krakow police! https://t.co/xqfgTeuxzx
— milkbar (@milkbarpl) November 7, 2026
СНИМКА ОД МОМЕНТОТ НА ПАНИЧНО БЕГАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Македонски




