Skip to main content

Масакр во центарот на Краков: Убиени се шест лица, а најмалку 15 се ранети

Бројот на убиени во денешното пукање во центарот на полскиот град Краков порасна на шест, а најмалку 15 се ранети, објавија локалните власти. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кјервински претходно потврди дека двајца полицајци се повредени, при што еден бил на операција.

Нема многу информации за напаѓачот, освен дека е полски државјанин. Тој делувал сам и моментално е во притвор.

„Осомничениот носеше воена облека и користеше воено оружје. Во неговото возило се пронајдени многу парчиња оружје и муниција. За време на апсењето, полицајците го употребиле своето оружје, но напаѓачот возвратил на оган. Како резултат на тоа, двајца полицајци се меѓу повредените“, изјави портпаролката на полицијата Катаржина Цисло.

Полициската управа на Краков првично соопшти дека околу 15 часот маж почнал да пука кон луѓе од својот автомобил, со кој влегол на централниот плоштад. Мотивот за нападот засега не е познат. Убиени се четири жени и двајца мажи.

„Полициските службеници интервенираа, ризикувајќи ги сопствените животи. Тие дејствуваа веднаш. Благодарение на нивното херојско однесување, напаѓачот беше брзо уапсен“, рече министерот Кјервински.

Поврзани вести