
Раководството на кошаркарската регионална АБА лига соопшти дека во нова сезона ќе се натпреваруваат 20 клубови, а членови ќе бидат Цибона и Слован Братислава. Поранешниот европски шампион Цибона (1985 и 1986) по една сезона отсуство повторно се враќа во натпреварувањето, додека Слован е дебитант.
Од АБА лигата информираа дека испадна Сплит, а нов член е Широки Брејг, а другите екипи се: Партизан, Црвена Звезда, Спартак Суботица, Мега, ФМП, Борац Чачак, Дубаи, Будуќност, Клуж, Цедевита Олимпија, Босна, Игокеа, Задар, Крка, Илирија, Студентски центар и Виена.
Титулата ќе ја брани екипата на Дубаи.

Македонски



