Skip to main content

Западнонилската треска се шири – до 12 август регистрирани 110 заразени лица

magnific

Во Грција значително расте бројот на случаи на западнонилска треска, при што до 12 август се регистрирани 110 заразени лица. Повеќе од две третини од случаите се во областа Атика, соопштија здравствените власти.

Бројката е веќе повисока од бројот на случаи регистрирани во истиот период во претходните години. Посебно загрижува фактот што во 2018 година, која се смета за најтешка година во Грција, во текот на целата сезона биле регистрирани вкупно 317 случаи.

Националната организација за јавно здравје предупреди дека доколку продолжи актуелниот тренд, сезоната би можела да биде една од најтешките во последните години. Се очекува врвот на сезоната да биде достигнат во периодот од сега до средината на септември.

Загриженост изрази и Грчкото здружение за инфективни болести, кое предложи 12 итни мерки за ограничување на ширењето на вирусот. Меѓу предложените мерки се засилување на третманот против ларвите на комарците, како и побрзо и поефикасно дејствување против возрасните комарци.

Поврзани вести