
Вчера во 12:00 часот во ОВР Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки
телесни повреди бил донесен Е.А.(37) од с.Чегране, кој веднаш е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од СВР Тетово.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во с.Форино, гостиварско.
Известен е јавен обвинител и трудов инспекторат, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Македонски


