Skip to main content

Промоција на книгата „Кон творештвото на Васил Тоциновски“ од проф. д-р Васил Дрвошанов

Вчера во рамки на „Рацинови средби“ се одржа многу убава промоција на книгата „Кон творештвото на Васил Тоциновски“ од проф. д-р Васил Дрвошанов. Промоцијата се одржа во преубавата библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Промотор на книгата беше Мишо Китановски, кој прекрасно ја пренесе значајноста на ова импозантно дело. Навистина нѐ прават горди настаните што придонесуваат за унапредување на македонската литература и култура. Фасцинирани сме од клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, затоа што членовите се навистина активни дејци и благодарни што тие беа главните организатори на оваа промоција. По промоцијата се упативме кон „Спомен куќата на Кочо Рацин“, каде што беше промовирано списанието „Велес“ и имаше прекрасно поетско читање од членовите на клубот. На сите што сѐ уште не ја посетиле „Спомен куќата на Кочо Рацин“, од срце им препорачуваме да ја посетат, бидејќи е многу интересна, а се наоѓа на една многу симпатична, стрмна и тесна уличка, карактеристична за градот Велес, наречена „Сокаче на поезијата“.

Фотографиите се дело на Дејан Таневски.

Поврзани вести