
Русија успешно тестирала вселенски мотори кои работта на база на плазма.
Уникатниот резултат е постигнат за време на лабораториските тестови на плазма вселенски мотор: еден импулс до 100 км/с, соопшти „Росатом“.
Според соопштението, просечната моќност на мотор што работи во импулсно-периодичен режим може да достигне 300 киловати.
Создавањето плазма ракетен мотор со моќност од неколку стотици киловати во иднина ќе ѝ овозможи на Русија да постигне технолошко водство во оваа област и да достигне ново ниво на истражување на вселената, да извршува меѓупланетарни летови, како и редовна размена на товар помеѓу Земјата и Месечината“, велат од „Росатом“.

Македонски


