Skip to main content

Во следните три дена без вода сите корисници од водоводот Росоки-Дебар

 Поради неопходен зафат, односно дислокација на дел од главниот цевковод од водоводот Росоки – Дебар, утре и следните два дена прекин во снабдувањето ќе има за сите корисници на вода за пиење од водоводот Росоки – Дебар.

-Станува збор за реконструкција на дел од патот во близина на село Долно Косоврасти и заштита на главната водоводна цевка, која во должина од 200 метри треба да се дислоцира. Поради оваа причина, на 16, 17 и 18 мај (сабота, недела, понеделник) ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење во Дебар, Центар Жупа и селата Долно Косоврасти и Рајчица, информираше Нерил Османи, директор на претпријатието, кое стопанисува со водоводот. 

Се замолуваат граѓаните, институциите и индустриските капацитети да обезбедат доволни количини на вода за пиење и санитарни потреби.

Во исто време, ЈКП „Стандард“, според директорот, ќе биде во служба на граѓаните преку снабдување со вода со цистерни според потребите.

На дел од патниот правец Дебар-Маврово, делница Мелнички Мост – Долно Косоврасти се одвиваат активности за санација на дел од коловозот кој пропаѓа и каде беше создаден голем кратер. 

Фото: ЈКП „Стандард“

Поврзани вести