Skip to main content

Двајца пешаци се прегазени на дивиот премин кај Бит-пазар

Двајца пешаци, маж и жена, попладнево биле удрени од автомобил на озлогласениот див премин преку булеварот кај Бит-пазар во Скопје, јави „Алсат“.

Телевизијата објави и снимка направена непосредно по несреќата, во која двајцата пешаци се повредени и биле итно пренесени во болница.

Откако Град Скопје најави дека ќе го затвори опасниот премин преку булеварот, на кој и порано имаше прегазени пешаци и жртви, група граѓани се собраа на протест и не дозволија тој да се затвори.

Поврзани вести