
Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа, објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година.
-Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери, нагласи Мицкоски.
Во изминатиот период, додаде премиерот, Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. А денешниот избор во ЕКОСОК, истакна тој, е продолжение на тој позитивен тренд и доказ дека нашето присуство во меѓународните организации станува посилно и повидливо.

Македонски


