Skip to main content

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство

 Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада попладнево Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград.

Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5.

Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на натпреварот од 11-10, но продолжија со осцилации во играта и на полувреме Турција замина со предност од 15-13.

Второто полувреме почна со по еден гол на двете страни, а потоа македонските ракометари влегоа во посакуваниот ритам и со серија погодоци дојдоа до највисока предност од 26-20.

Најефикасен во македонските редови беше Бобан Поповски со девет голови, а голманот Ѓорги Николовски запиша 14 интервенции.

Македонските ракометари со триумфот над Турција и вчерашната победа над Италија го задржаа максималнито ефект во групата 1 и останаа во трка за пласман до 12 место на Европското првенство кое ќе им обезбеди пласмман и на следниот континентален собир.

Поврзани вести