
„Гледам дека СДСМ работи на консолидација. Партијата доживеаја историски пораз во 2024 година, се случи епски пораз на Локалните избори, кој јас не го очекував. Останува на следните парламентарни избори каков ќе биде исходот“ рече поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Тој во гостување на Канал 5 телевизија рече дека „После голем пораз на Локални избори, обично се оди на предвремени парламентарни избори“.
„Трендот беше започнат уште во 2019 година, во вториот круг се направи разлика со гласовите на етничките заедници. 2021 година ги загубивме Скопје, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Битола, Прилеп, Куманово. Кога ќе влезете во серија порази моралот паѓа. Добро е што тогаш СДСМ го задржавме како втора политичка опција во Македонија“ рече Ковачевски.
Според него, следните парламентарни избори, дали редовни или вонредни, „се историски за СДСМ, продолжување на негативниот тренд ќе биде опасен за функционирањето на партијата во форма која ја познавате“.

Македонски


