
Емотивна средба се случи помеѓу семејството на Аган Асани од Черкезе, Куманово и младиот Давид Докмановиќ од Умин Дол, кој неодамна му го посвети својот гол на Аган.

Во знак на благодарност и почит за неговиот гест, семејството на Аган го посети Давид и му ја подари фудбалската топка со која Аган играл дома.
13-годишниот Аган трагично го загуби откако, додека возел електричен тротинет, во него удрил автомобил.

Македонски



