Skip to main content

Приведени 11 лица: Масовна тепачка во Шуто Оризари, двајца повредени пренесени на клиника

Фото: Freepik

На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), С.С.(29), Ф.М.(46), Ф.С.(20), Д.Ј.(21), Е.Ј.(32), Ј.Ј.(27) и Н.Ј.(54), сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести