Skip to main content

Австрија регистрираше историски температурен рекорд: Во Виена измерени 41 степен

Австрија регистрираше историски температурен рекорд откако живата во термометарот во Виена достигна 41 степен Целзиусов.

Според официјалните податоци од државната метеоролошка служба GeoSphere Austria, рекордниот екстрем е регистриран во виенската населба Стамерсдорф. Веста прва ја објави австриската јавна радиотелевизија ОРФ, потврдувајќи дека ова е највисоката измерена температура во земјата откако се води официјална евиденција за временските услови.

Екстремните температури се резултат на интензивен топлотен бран што го зафати централниот дел на Европскиот континент. Здравствените служби и локалните власти во Виена веќе издадоа предупредувања за граѓаните, особено за повозрасните лица и хронично болните, да го ограничат престојот на отворено во најтоплиот дел од денот.

Австриските метеоролози појаснуваат дека ваквите температури се надворешни показатели за сè почестите климатски екстреми кои го погодуваат регионот во летните месеци.

Поврзани вести