
Средба со Никол Варнс, ВД амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, напиша на социјалните мрежи Александар Николоски.
Разговаравме за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.
Продолжуваме со продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Македонски


