
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика, а во следните месеци се очекува пуштање во сообраќај на најкомплицираните 10 километри од трасата, информира министерот за транспорт Александар Николоски.
Тој во објава посочи дека интензивно се работи на изградбата на галериите, при што две од нив се целосно завршени, додека на третата се работи со забрзано темпо.
Според Николоски, изградбата на галериите е најдобро решение за стабилизација на земјиштето, а досегашните активности на терен покажуваат дека ова решение дава резултати.

Паралелно со галериите, се работи и на стабилизација на земјиштето, завршување на мостовите, како и на изградбата на двете цевки од тунелите.
Ова беше напуштен проект, ова беше проект во кој никој не веруваше, но веќе се гледа крајот. Имаме 34 километри на кои се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри кои се најкомплицираниот дел од овој автопат, каде што влегуваат тунелите и галериите“, наведе Николоски.

Македонски


