
Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава. Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер.
Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на најпрестижните фестивали и концертни сали низ САД и Европа.
Австриската вечер на „Охридско лето“ започна со увертира од Моцартовата опера „Магичната флејта“, а продолжи со две арии од првиот и вториот чин на операта. Потоа следуваше маестрална изведба на „Влтава“ од чешкиот композитор Беджих Сметана , едно од шесте композиции во неговиот славен циклус „Од мојата татковина“.
-Иако оригиналното дело е напишано за оркестар, ние направивме аранжман за четирирачно пијано кое звучи невројатно убаво, но е премногу тешко за изведба, појасни реномираниот американско-австриски пијанист Денис Расел Дејвис.
Фестивалската публика исто така уживаше и во совршената изведба на „Фантазија во ф-мол“, едно од најубавите дела на Франц Шуберт напишано за пијано четири раце.
Прекрасната Австриска вечер на која се слушаше само совршена изведба на четирирачното пијано под сводовите на „Света Софија“ и долги ракоплескања за уметниците, беше заокружена со три дела за четитирачно пијано од композиторот Филип Глас кој е близок пријател на пијано дуото. Тоа беа прелудиуми од оперите „Орфеј“ и „Патување“, како и неговото оригинално дело „Стоукс“.
Освен што настапуваат заедно, двајцата уметници имаат успешни индивидуални кариери како пијанисти, а Денис Расел Дејвид и како диригент.
-Јас сум и диригент и пијанист, а мојата сопруга Маки Намекава е пијанист. Вечерва заедно настапуваме на овој прекрасен концерт во преубавата црква „Света Софија“. Ова е прва наша посета на Охрид и многу сме импресионирани од тоа како бевме пречекани. Охрид е прекрасен град и се надеваме дека пак ќе се вратиме овде, ни изјави Денис Расел Дејвис.
За пијано дуото Денис Расел Дејвис – Маки Намекава дела пишуваат композиторите Филип Глас („Четири става за две пијана“) и Чен Ји („Западна кинеска свита“), а Филип Глас исто така го пишува делото „Два става за четири пијана“ кое двајцата врзвни уметници го изведуваат со сестрите Катја и Марија Лабек. Во 2019 година јапонскиот композитор Џо Хисаиши им го посветува делото „Варијација 57“ за пијано дуо и камерен оркестар,

Македонски


