
Познатата гастрономска платформа „ТејстАтлас“ (TasteAtlas) ја прогласи Охридската пастрмка за најдобра во светот на својата најнова ранг листа за оваа вкусна риба, на која се осум видови од целиот свет.
Според истиот извор, станува збор за најценетата пастрмка во светот, салмонидна риба која е ендемичен вид и живее во Охридското Езеро, кое го делат Република Македонија и Албанија, а може да се најде и во реките кои се поврзани со езерото.
Охридската пастрмка е позната по своето нежно, розево месо и специфичниот вкус, поради што со години се смета за вистински кулинарски специјалитет. Но, поради прекумерен риболов, нелегален лов и недоволни мерки за заштита, нејзината популација е загрозена, потенцираат од „ТејстАтлас“.

Македонски


