
Задоволство ни е да споделиме дека во недела, 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија!, информираа од Авалон.
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении!
Во пресрет на 8 Септември, кој оваа година во себе носи јубилеј на 35 години независност, ќе се организира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови, а како кулминација ќе биде последниот перформанс на 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој ќе настапат повеќе од 120 уметници.
Во наредниот период караванот ќе посети 11 градови низ државата, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.
Се гледаме во недела во Охрид, на емотивен и спектакуларен начин заедно да го започнеме славењето со овој перформанс!

Македонски


