
Поради дефект на затворач ф-300 мм на улица „Женевска“ бб, кај последна 24-ка, утре со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од повеќе улици во Скопје.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, без вода ќе останат делови од улиците „Женевска“, „Партизанска“ крак 1, дел од „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Стокхломска“, „Гаврил Лесновски“, како и дел од булеварот „Партизански Одреди“, на потегот од мост Обединети нации до улицата „Московска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Македонски



