Skip to main content

Мицкоски: Инфлацијата е двојно помала од таа во времето на минатата влада, дури и во вакви предизвикувачки услови

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне процедурата за ребаланс на Буџетот, а оценува и дека Владата успешно се справува со кризата  бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада. 

– Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на Буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна распредеделба на средствата за  Буџетот во ноември, оvа е таа вообичаена процедура која трае, изјави денеска  Мицкоски на новинарско прашање.

Прашан за проекциите за инфлацијата Мицкоски посочи дека треба да се споредуваат спордливи работи и оти „сега има двојно помала инфлација од таа во времето на минатата влада“, како што нагласи, „дури и во вакви предизвикувачки услови“.

– Инфлацијата се зголемува секаде во светот, но она што кај нас е важно е дека ако ја споредуваме денешната со состојбата од 2022 година во истиот период се случуваат кризите – месеците март, април и мај, ќе забележите дека тогаш е двапати поголема од сега и тоа е успехот на справување со криза и кризен менаџмент. Доколку сега беше двапати поголема од тогаш, тогаш ќе речевме дека оваа Влада е неуспешна. Мораме да споредуваме споредливи работи. Ако ги споредиме март, април и мај 2022 година, со март, април и мај 2026-та притоа сите релевантни експерти ќе ви кажат дека оваа енергетска криза е поголема од таа во 2022-та и двете енергетски кризи од 70-тите година на минатиот век заедно. Сепак, како Влада успеваме да имаме двојно помала инфлација од тоа што имаше минатата влада дури и во едни вакви предизвикувачки услови. А според ММФ, не според Владата, мерките што ги аплицираше оваа Влада се трети во Европа според процент од БДП, споредено со сите земји. Тогаш бевме на дното, сега сме во првите три и тоа е емпириска разлика, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструиран дел од ГОБ „8 Септември“. 

Во однос на можноста за укинување на тарифните блокови за потрошувачката на електричната енергија што во личен став ја сподели претседателот на  Регулаторна комисија за енергетика Ацо Ристов и влијанието на сметките, премиерот Мицкоски упати на одговор до РКЕ, наведувајќи дека „во делот кој зависи од Владата и компаниите каде е доминантен сопственик, ќе нема покачување како што е и во изминатите две години“

Поврзани вести