
Премиерот Мицкоски најави дека на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват ќе ја претстави иницијативата со која земјите од Западен Балкан можат да станат значаен производител и снабдувач на чиста енергија за Европа.
Во услови на растечка глобална побарувачка за електрична енергија, особено поради развојот на вештачката интелигенција и дата-центрите, нашиот регион има потенцијал да обезбеди околу 260 TWh нова обновлива енергија годишно.Тоа претставува можност за создавање бизнис вреден околу 26 милијарди евра годишно и шанса Западен Балкан да се позиционира како важен партнер во европската енергетска иднина.

Македонски


