Skip to main content

Почина и сопругата на Халид Бешлиќ

Тажна вест ги погоди семејството, пријателите и сите што ја познаваа Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ. Сејда Бешлиќ почина по долга и тешка болест, објавува „Аваз“.

Со години Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба дополнително се влоши, а во последните месеци таа водеше тешка битка.

Поврзани вести