
Денеска заедно со министерот за спорт Борко Ристовски присуствувавме на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.
Посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат.
Како Влада продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите кои што преку две програми и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра, со се сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната инвестиција директна, од владата во општините за капитални инвестиции е околу половина милјарада евра.

Македонски


