
Проблемот со Бугарија во однос на пругата е решен. Тоа беше чисто технички проблем. Добиваме позитивни сигнали за тунелот, штом колегите од Бугарија се подготвени ќе работиме и на граничниот тунел, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот “ Риштази”
Проблемот со Бугарија за пругата го решивме. Во ноември месец потпишавме меѓудржавен договор со тогашниот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов. Сега се избра нова влада во Бугарија и добиваме сигнали дека сакаат да продолжат. Ние од наша страна си ја работиме работата. Од Скопје до Куманово имаме железничко поврзување. Минатиот јануари 2025 година го отворивме потекот од Куманово до Белјаковци. Сега интензивно работиме на Бељаковци до Крива Паланка. И за третата делница, тоа е од Крива Паланка до границата со Бугарија, веќе е објавен тендер за Надзор, а очекувам следните недели да се објави тендер за избор на Изведувач. Таму работиме со Европската инвестициска банка и ќе одиме според нивни правила. И штом колегите од Бугарија се подготвени ќе работиме и на граничниот тунел. Таму се сложивме да градиме по наш проект и да имаме некаде 2031 или 2032 година поврзување Скопје-Софија”, истакна вицепремиерот Николоски.

Македонски


