Skip to main content

Пендаровски: Го предупредив Филипче дека Резолуцијата не е добра идеја пред избори

Поранешниот претседател на Република Македонија Стево Пендаровски, кој истакна дека во политиката фокусот треба да биде ставен на прашањата што носат политичка поддршка, а не на темите што можат да предизвикаат загуба на поени кај гласачите. Осврнувајќи се на обидот на СДСМ да поднесе Резолуција за црвените линии непосредно пред локалните избори минатата година, Пендаровски истакна дека уште тогаш го предупредил Венко Филипче дека таквиот потег не е добар во пресрет на изборен процес.

Два три дена пред кампањата за локални избори минатата година СДСМ се обиде да поднесе, не знам дали и формално поднесе во Собрание, Резолуција за црвените линии. Јас му пратив порака на Филипче дека пред локални избори тоа не е добар потег – истакна Пендаровски во интервју за јавниот сервис.

Тој додаде дека Филипче и СДСМ водат погрешна политика која не им носи позитивен исход.

Во политиката практично правило број еден е да ги зборуваш и да ги форсираш оние прашања кои ти носат поени, не оние на кои губиш, не можеш да го форсираш тоа секој ден бидејќи не носи поени – потенцираше Пендаровски.

Во однос на секојдневното излегување на прес-конференции од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Пендаровски потврдува дека тие повици за вметнување на Бугари во Устав се нецелисходни и не влијаат добро на СДСМ.

Не е продуктивно во политичка смисла, за политичкиот субјект кој го претставуваш – рече Пендаровски.

Поврзани вести